top of page

Модриќ откри што го натерало да му даде „втора шанса“ на Милан

23.07.2026 juli Cetvrtok

На почетокот на месец јуни се говореше за Лука Модриќ како играч кој е пред последниот турнир во својата блескава кариера, но по крајот на Светското првенство дојде до пресврт и хрватскиот маестро ќе го гледаме на терените во Серија А уште една година.

Оперативците на Милан и новиот тренер Рубен Аморим направија сериозни намери за да го убедат Модриќ да му даде „втора шанса“ на Милан, а откако клубот ја официјализираше новата соработка, Хрватот се јави со интересна изјава во јавноста.

– Среќен сум што останувам во Милан, во клубот кој од првиот ден се почувствував добредојдено и сакано. После една година во која не беа исполнети очекувањата, јас сум гладен да се искупам и да ги поправам грешките.

– Пред нас е нова сезона и нов голем предизвик, проект во кој верувам и кој навистина ме мотивира. Подготвен сум да давам се од себе за овој дрес и навистина сум горд што ќе ги носам овие бои.

– Едвај чекам да се вратам на „Сан Сиро“ и да го слушам крикот на фановите. Се гледаме наскоро, Форца Милан, – порача Модриќ.


 
 
 

Comments


bottom of page