Search
Модриќ заработил незгодна повреда, можна е и подолга пауза
Лука Модриќ заработил повреда на денешниот тренинг на Реал Мадрид и сигурно ќе го пропушти дуелот со Леванте во недела.
Хрватскиот репрезентативец има проблеми со адукторот и во моментов може да се надева на што пократка пауза, без можност да патува со соиграчите во Валенсија.
Реал Мадрид за утре закажал детални прегледи, а таа информација носи песимизам кај фановите, бидејќи е знак дека лекарите се сомневаат на посериозен проблем.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти има солидни опции за средниот ред, а покрај на Модриќ, не може да смета ниту на Крос и Себалјос.
Следниот натпревар на Реал е на 28. август против Бетис, а Модриќ сега е неизвесен и за хрватската репрезентација која треба да одигра три натпревари во септемврискиот „прозорец“.
留言