top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Модната ревија на Ријана кон крајот на септември

Модната ревија на Ријана за брендот „Савиџ екс фенти“ ќе биде претставена на 24 септември, на стриминг-платформата „Амазон прајм видео“. Популарната пејачка ја објави најавата на социјалните мрежи.

Ова е трета модна ревија на споменатиот бренд, а најавено е дека ќе учествуваат голем број модели, актери, пејачи и други познати личности. Деталите сѐ уште не се познати.

Мислите дека сте подготвени? – напиша Ријана на својот инстаграм-профил. Првата ревија на Ријана за „Савиџ екс фенти Вол.1“ беше претставена во 2019 година, а на неа настапуваа Биг Шон, диџеј Калед, Мигос и други. Второто шоу беше претставено минатата година, а некои од изведувачите беа Тревис Скот, Розалија и Лизо.

Ријана е наведена како извршна продуцентка и креативна директорка на „Савиџ екс фенти Вол. 3“. Марката е инклузивна, содржи широк спектар големини на долна облека, како и секојдневна облека.


2 views

Comments


bottom of page