top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Модна недела во Њујорк: Бела и Џиџи Хадид заблескаа на модната писта


Американскиот дизајнер Maјкл Корс ја претстави својата најнова колекција во рамките на Модната недела во Њујорк. Во неговите гламурозни парчиња прошетаа најголемите ѕвезди на модната индустрија – Бела Хадид, Џиџи Хадид, Емили Ратајковски, Ирина Шајк.

Бела Хадид и сестра ѝ Џиџи обично се во првиот ред на модните ревии со големи имиња. А овој пат беа кралици на пистата и најголемите имиња во просторијата, коментираат таблоидите.

Бела и Џиџи ги презентираа новите креации на Мајкл Корс во рамките на њујоршкиот моден настан во вторникот вечерта. Дизајнерот ги ангажира врвните таленти на манекенската индустрија да ја презентираат неговата колекција Ready-to-Wear за есен 2022 година.




1 view

Comments


bottom of page