top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Модна недела во Париз: ревиите продолжуваат по немирите

Славните личности и дизајнери ја почнаа Париската недела на висока мода, која се одржува во заднина на петдневното насилство во градот. Американската рап-ѕвезда Карди Би, пејачката Камила Кабело и актерката Мејзи Вилијамс се меѓу присутните на престижниот моден настан во француската престолнина. Но, по сериозните граѓански немири, постои одредена нелагодност поради искажување материјализам за ултрабогатите. Некои велат дека модните писти и коктел-забавите треба да се откажат, а други велат дека луѓето од светот на модата се глуви. Раководителката на одделот за мода на „Телеграф“, Лиза Армстронг, напиша: „Овие намирисани клиенти, пренатрупани со дијаманти, без никаков допир со реалноста, изгледаат чудно, дури и во нормални времиња, но оваа недела изгледаат надреално глуви“. Таа додаде дека еден од присутните забележал: „Прилично е чудно да се види како големите француски брендови не признаваат што всушност се случува во нивната земја“. Насилството во Париз и другите француски градови беше предизвикано од убиството на 17-годишно момче, но се чини дека ситуацијата се смири до понеделникот. Во понеделникот и вторникот беа претставени првите колекции на висока мода – најелитната гранка на модната индустрија, каде што фустаните се кројат по мерка на клиентите и се изработуваат за неверојатни суми. Ѕвездата на „Црниот Пантер“, Лупита Нионго, на ревијата на „Шанел“ во вторникот. Некои брендови, како „Клои“, ги откажаа забавите за време на викендот, но само „Селин“ целосно го повлече учеството поради немирите. Модната писта на „Шанел“ беше на брегот на реката Сена Дизајнерката Хеди Слиман напиша на „Инстаграм“: Mодна ревија во Париз додека Франција и нејзиниот главен град се ужалени и со модринки, изгледа… безобзирно и сосема погрешно“. Други ги оставија настрана грижите продолжувајќи со ревиите во понеделникот со креации инспирирани од грчки божици („Кристијан Диор“), ликовна уметност („Шијапарели“) и сирени (Ирис ван Херпен).






0 views

Comments


bottom of page