top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мобил фестивал: Бесплатно онлајн гледање на повеќе од 40 филмови

26.11.2021 Noemvri Petok

Четириесет и еден филм од 27 земји ја чинат програмата на годинешното 12-то издание на Интернационалниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил фестивал“ чија реализација под мотото „Филмот продолжува“ е во тек. По првпат фестивалот се одржува во хибридна форма – онлајн на VoD платформата Cinesquare.net до 1 декември и во Кинотека на Северна Македонија на 1 декември.

На конкурсот за годинешното издание пристигнаа повеќе од 1.000 филмови од целиот свет од кои во навистина тежок избор беа избрани најдобрите, меѓу кои и три македонски филмови. Од минатата година филмовите од програмата се достапни во 13 земји од регионот со што Мобил фестивал добива регионална димензија.

Сите филмови се бесплатни за гледање. Традиционално, филмовите ќе се натпреваруваат за признанието „Ратка Илиевска-Лале“ за најдобар филм, а ќе бидат доделени и награди за најоригинална приказна, за најинвентивен филм и за најдобра идеја, за кои ќе одлучи тричлено жири.

Организатор е продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“, а проектот е поддржан од Град Скопје.


1 view

Comments


bottom of page