top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МНТ со „Само глас“ гостува на „Јоакимфест“ во Србија

Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, на 12 октомври ќе учествува на меѓународниот театарски фестивал „Јоакимфест“ во Крагуевац. Станува збор за фестивал на современ, модерен, социјален, естетски и поетски референтен театар, кој со избирање претстави, се стреми да биде видлив и препознатлив не само локално туку и во поширокиот регион.

„Со големо задоволство ја прифативме поканата на овој еврорегионален фестивал, кој се базира на избор на претстави што се во целосна согласност со модерните изведувачки театарски практики“, посочија од МНТ.

Инаку, ова за МНТ и претставата „Само глас“ е четврто фестивалско претставување, но годинава и прво патување на македонските актери Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ, надвор од границите од нашата држава.

Домаќин и организатор на фестивалот е Кнежевско-српскиот театар, Крагуевац.


2 views

Comments


bottom of page