top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МНТ со „Само глас“ гостува на меѓународниот театарски фестивал „Јоакимфест“ во Србија

Во рамките на меѓународниот театарски фестивал „Јоакимфест“ што се одржува секоја есен во Крагуевац, (до 2019 год. Јоаким Интер Фест), МНТ со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, а во режија на Марјан Неќак ќе партиципира во втората недела на октомври.

Фестивалот опстојува веќе 15 години и поминал низ различни периоди на подеми и падови, во потрага по солидно втемелен концепт. Денес, тоа е фестивал на современ, модерен, социјален, естетски и поетски референтен театар, кој со избирање претстави, се стреми да биде видлив и препознатлив не само локално туку и во поширокиот регион.

– Со големо задоволство ја прифативме поканата на овој еврорегионален фестивал, кој се базира на избор на претстави што се во целосна согласност со модерните изведувачки театарски практики. Особено инспирира да се учествува на фестивал што ги негува естетските вредности, софистицираноста, а во исто време е и општествено одговорен, и се справува со горливите проблеми и феномени од времето и светот во кој живееме – се наведува во соопштението од МНТ.

Ова за МНТ и претставата „Само глас“ е четврто фестивалско претставување, но годинава и прво патување на македонските актери (Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ) надвор од границите од нашата држава, а домаќин и организатор на Фестивалот е Кнежевско-српскиот театар, Крагуевац.


2 views

Comments


bottom of page