top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МНТ со претставите „Отело“ и „Само глас“ на 42. „Скопско лето“

Македонскиот народен театар годинава ќе учествува со две претстави на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“. Станува збор за меѓународниот проект „Отело“ од Вилијам Шекспир во режија на Нина Николиќ.

Претставата е копродукција меѓу МНТ, БНП, Зеница ― БиХ и Перипетија продукција ― Скопје, а играат актери од двете земји: Енес Салковиќ, Саша Ханџиќ, Дарја Ризова, Ѓорѓи Јолевски, Златан Шкољиќ, Aлександар Ѓорѓиески, Џенана Џаниќ, Тамара Миличевиќ-Стилиќ, Александар Михајловски и Аксел Мехмед. Сценографското решение е на Вишња Вујовиќ, Ивана Каранфиловска-Угуровска е костимограф, а на сценските движења работеше Димитриос Сотириу, текстот го преведоа Маја Трајаноска-Ивановска и Зина Агиќ, Крис Јегер работеше на дизајнот на светло, а композитор на музиката е Дуке Бојаџиев.

Втората претстава е комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од авторката Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во улогите на Таа и Тој играат Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ. Претставите ќе се одиграат на големата сцена во МНТ со почеток во 20 часот, „Отело“ е закажана на 29 јуни и „Само глас“ на 7 јули.


0 views

Comments


bottom of page