top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МНТ со две претстави на летна турнеја во Пустец, на „Бит- фест“ и на „Охридско лето“

Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави, „Не се клади на Енглези“ и „Народен непријател“, ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја, велат од МНТ, ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август.

– Турнејата ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези“ на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Р Албанија. Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарската програма на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор – велат од Македонскиот народен театар.

Потоа, на 5 јули, со новата претстава „Народен непријател“, добитник на четири големи признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“, следува гостувањето на битолскиот летен фестивал – „Бит-фест“, манифестација на која ќе учествуваат реномирани уметници, во програмата која опфаќа разновидни музичко- сценски настани како: театар, филм, концерти на класична, џез, рок и на традиционална музика.

Последното гостување на МНТ ќе биде на 15 август, во рамките на 62. фестивал „Охридско лето“, со изведбата на претставата „Народен непријател“ во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21 часот. Фестивалот и оваа година ќе изобилува со фантастична ревијална програма, која ќе трае од 12 јули до 20 август.


0 views

Commenti


bottom of page