top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МНТ одбележа 77 години од основањето, првиот директор бил Димитар Ќостаров

На Президиумот на АСНОМ на денешниот ден (31 јануари) во 1945 година, со решение бр. 581/45 бил основан Македонскиот народен театар. Со ова официјално започнува со работа оваа сценско – уметничка куќа. За директор е поставен Димитар Ќостаров, а Илија Милчин е секретар – драматург. Првата претстава премиерно е прикажана на 3 април 1945 година: драмата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески. МНТ по формирањето и натамошното постоење/создавање, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот. Во однос на репертоарот, односно делата што се поставаат на сцена, исто поминува низ периоди кои се важни за неговото созревање: фаза на ре/откривање на македонските автори и драматургијата – Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски и други; фаза на поставување на дела од руските и класичните дела; фаза на дела од американски современи автори; негување и афирирање на новиот домашен автор, фаза на социјални и реалистични теми, психошки и поетски драми, современи и пост-модернистички драми/дела.





4 views

Comments


bottom of page