Search
МНТ ги откажа претставите во наредните денови
Updated: Nov 26, 2021
23.11.2021 Noemvri Sreda
Премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“ во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември се откажуваат поради тешката сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, соопштија од МНТ.
„Македонски народен театар изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите“, стои во соопштението на оваа институција.
Оттаму информираат дека новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември со почеток во 20 часот, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат, додека средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани.
Comments