top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МНР се јави со реакција за вчерашните случувања на средбата Македонија-Бугарија

Министерството за надворешни работи на Македонија се огласи со реакција за вчерашниот случувања на мечот меѓу нашата селекција и Бугарија кој се одржа на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Бугарската химна беше исвиркана, имаше и нареди, па МНР ги осуди истите со соопштение кое ви го пренесуваме во целост.

-Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.

Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла.

Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред сѐ, добри соседи, -се вели во реакција.

Само за потсетување Бугарија успеа да слави со 1-0 со голот на Десподов во второто полувреме.


1 view

תגובות


bottom of page