Многу ѕвезди на Филмскиот фестивал во Венеција
Годинашниот 79. филмски фестивал во Венеција ќе биде домаќин на многу познати личности од 31 август до 10 септември. Од актерите, потврдено е присуството на Пенелопе Круз и Кејт Бланшет, а од режисерите ќе дојдат: Дарен Аронофски, Алехандро Инариту и Лука Гвадањино. Во трката за престижниот „златен лав“ за најдобар филм ќе се натпреваруваат 23 филма.
– Оваа година фестивалот е замислен како прозорец отворен кон светот – рече уметничкиот директор на Мостра, Алберто Барбера, во онлајн презентација, и притоа остро го осуди притворањето на тројца филмаџии во Иран.
Во конкуренција ќе биде филмот на еден од нив, Џафар Панахи, кој треба да одлежи шестгодишна затворска казна за „пропаганда против режимот“. Насловот на филмот е „Мечките не постојат“.
Франција годинава е особено добро застапена со дури пет филма во конкуренција – „Деца на другите“ од Ребека Злотовски, „Пар“ од Фредерик Вајсман, „Мои“, семеен филм на Рошди Зем за бунт во предградијата и „Свети Омер“ на Алис Диоп, прв филм за чедоморство.
Францускиот режисер и писател Флоријан Зелер им ги понуди улогите во неговиот филм „Синот“ на Хју Џекман, Лора Дерн и Ентони Хопкинс.
Comments