top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Многу пари за гостувања, а и естрадни пејачи ќе ја афирмираат уметноста – кој сè се офајди во музичк

Многу пари за гостувања, а и естрадни пејачи ќе ја афирмираат уметноста – кој сè се офајди во музичко -сценската дејностПокрај проектите на национални установи кои навистина заслужуваат внимание и поддршка и кои со години наназад ја афирмираат македонската уметност во светски рамки, се поставува прашањето за каква афирмација на македонската уметност се дадени средства на млада естрадна пејачка?! Општ впечаток е и дека високи суми во услови на пандемија се поделени за гостувања на дел од корисниците, а кои изнесуваат и до 10 илјади евра за едно гостување, знаејќи дека ваквите настани се на покана на организаторите кои треба да обезбедат услови за престој…

Музичко-сценската дејност годинава доби најмногу средства од буџетот на Министерството за култура на годинешниот конкурс за поддршка на проекти од национален интерес. Покрај проектите на национални установи кои навистина заслужуваат внимание и поддршка и кои со години наназад ја афирмираат македонската уметност во светски рамки, се поставува прашањето за каква афирмација на македонската уметност се дадени средства на млада естрадна пејачка?! Општ впечаток е и дека високи суми во услови на пандемија се поделени за гостувања на дел од корисниците, а кои изнесуваат и до 10 илјади евра за едно гостување, знаејќи дека ваквите настани се на покана на организаторите кои треба да обезбедат услови за престој. Исто така, нејасно е и како некои поединци добиваат повеќе средства за концерт во однос на ансамбли?

Инаку, годинава за проекти на Национални установи се издвоени 38 милиони 632 500 денари, а за музичко-сценски фестивали и манифестации во нивна организација- 39 милиони и 650 илјади денари. Така, фестивалот „Охридско лето“ доби најмногу средства годинава и тоа 32 милиони денари за своето 62. издание, за „Мајски оперски вечери“ на Националната опера и балет се издвоени 6 милиони денари, а Битолскиот центар за култура за 14. „Фестивал за музика од светот“ доби 850 илјади денари. Националната опера и балет пари годинава доби и за две премиери, за балетската претстава „Големиот Гетсби“ и операта „Норма“- 2,5 милиони денари. Најскапиот проект на Националната филхармонија, пак, е „Филхармонија на отворено“ – филмско ехо со Кјубрик“ за која се издвоени – 1 милион денари.

Прифатени се и проекти од истата област на 232 апликанти. Најмногу пари доби проектот на Живоин Глишиќ. Се работи за концертен проект за мешан хор “12 месеци“ (12 нови хорски композиции)“ – 850 илјади денари. Исто толку доби и албанскиот “Нота фест“ за своето 18. издание. За натпревар за млади музичари „Охридски бисери“,пак, издвоени се 799 илјади денари.

Од Буџетот ќе се финансира и “Концертот со бесмртни граѓански песни“ на Миранда Хашани со 501 500 денари, додека за концертот на ансамблот “Барок“ се наменети 247 500 денари. Голем дел од проектите добија по околу 2 000 евра од проект како на пример Христо Стојаноски кој за „Бисери од македонското музичко творештво“ доби 120 400 денари, додека поп-пејачката Аделина Тахири Марков за „Унапредување и афирмирање на творештвото и изведувачката македонска музичка уметност“ доби 124.700 денари…

Прифатени се и фестивали и манифестации, а најмногу средства се издвоени за “Скопски џез фестивал“ кој за своето 41. издание доби 4 милиони и 100 илјади денари, што е повеќе од лани. За 45. Денови на македонска музика – ДММ 2022 ( 75 години СОКОМ) доделени се 3 милиони и 34 илјади денари, а за ОФ Фест – милиона и 91 илјада денари.

Во однос на меѓународната дејност Националната опера и балет за гостување на балетската претстава „Шехерезада“ во Варна, Бугарија доби 600 илјади денари, Филхармонија за гостување во Белград, Србија – 1 милион и 400 илјади денари. Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ за турнејата во Хрватска на располагање ќе има 850 илјади денари, а за турнејата во САД и Канада 2 милиона и 50 илјади денари. Ансамблот на албански народни ора и песни од Скопје,пак, ќе гостува на меѓународниот фолклорен фестивал во Будимпешта, Унгарија и на Меѓународниот фолклорен фестивал во домот на УНЕСКО во Париз, Франција за што вкупно се издвоени 1.3 милиони денари.

Кога се работи за останатите корисници, апликантот Ѓурѓица Дашиќ, пак, ќе реализира концерт на камерниот ансамбл „Профундис“ во Белград, Србија со околу 467 илјади денари, и исто толку доби и Здружението „МОДОАРС“ за реализација на концертна турнеја на камерниот оркестар „Профундис“ во

Италија, додека Рисима Рисимкин за гостување на Скопје танцовиот театар во Националниот театар „Шајо“ во Париз, Франција доби 395,712 денари…

На завчерашната прес конференција Министерката Бисера Костадиновска –Стојчевска нагласи дека при изборот на проектите и нивно финансирање комисијата водела сметка да бидат поддржани проекти на млади, оние наменети за деца или за лица со посебни потреби како и на оние кои досега не користеле средства од буџетот на Министерството за култура. Исто така, при селекцијата на проектите, водено е сметка и за правичната застапеност по етничка основа, поддржани се и голем број проекти во кои до израз доаѓа интеркултурноста, а еднакво се водело сметка и за родовата рамноправност.



2 views

Comments


bottom of page