top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Многу мала ноќна музика“: Досега непозната композиција на Моцарт откриена во библиотека во Лајпциг

25.09.2024 Septemvri Sreda

Досега непознато дело на Волфганг Амадеус Моцарт, за коешто се претпоставува дека настанало кога тој бил тинејџер, е откриено во библиотека во германскиот град Лајпциг.

Истражувачите го откриле овој ракопис во Градската музичка библиотека додека го составувале најновото издание на каталогот „Кохел“ – комплетната листа на музичките дела на познатиот композитор. Ракописот се состои од темно-кафеаво мастило на рачно изработена бела хартија, а листовите се поединечно врзани. Делото датира од 1760-тите, се состои од седум минијатурни ставови за гудачко трио и трае околу 12 минути, соопштија Општинските библиотеки во Лајпциг.

Делото во каталогот се спомнува како „Многу мала ноќна музика“ (Ganz kleine Nachtmusik), според податоците на библиотеката во Лајпциг.

Како што наведува, новооткриениот ракопис не е на самиот Моцарт, туку се работи за препис направен околу 1780 година. Нептпишаниот запис „е сочуван во еден примерок, во којшто атрибуцијата на авторот посочува дека делото е напишано пред првото патување на Моцарт во Италија“, се вели во описот.

Композицијата во петокот ја изведе гудачко трио на откривањето на новиот каталог „Кохел“ во австрискиот град Салцбург. Во Германија премиерно е изведена во саботата во операта во Лајпциг, пишува „Гардијан“.


0 views

Opmerkingen


bottom of page