top of page

Многу емоции: Роналдо се расплака откако стана јасно дека ќе ја освои првата титула во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

22.05.2026 Maj Petok

Тимот на Ал Наср по пауза од седум години повторно е шампион на Саудиска Арабија и тоа откако успеа да излезе како победник од драматичната трка со Ал Хилал.

Ал Наср славеше во завршната рунда со 4-1 што беше доволно да се остане на врвот, да се одбрани првата позиција и да се дојде до резултатот што долго време се очекуваше.

Кристијано Роналдо е главна ѕвезда на оваа екипа и по три години конечно успеа да го донесе она што се очекуваше откако беше ангажиран од составот од Ријад. Тој со два гола стави точка на победата, а колку ова му значеше говореа солзите откако беше повлечен од игра.


 
 
 

Comments


bottom of page