top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Младиот Белингем збесна и жестоко го навреди својот соиграч: Ти си е*ено го*но

Фудбалерот пред кого се предвидува блескава иднина, Џуд Белингем беше уловен од камерите на синоќешниот натпревар против Ренџерс како упаќа жестоки навреди кон негов повозрасен колега.

Дортмунд не успеа да ја анулира негативата од 4:2 од првиот антпревар против Ренџерс, па на возвратниот дуел одигра само 2:2 по што мораше да се прости од натпреварувањето во Лига Европа.

Во еден момент на немоќ, кога топката не стигна до неговите нозе, Белингем жестоко се обрати кон неговиот соиграч, Нико Шулц кој не му упати прецизно додавање.

– Не можеш да дадеш ниту еден е*ан пас. Ти си е*ено го*но. Цело е*ано време, -викаше Белингем кон својот речиси десет години повозрасен колега, а оваа негова реакција беше уловена од камерите и веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Многумина го осудија ваквиот потег на 18 годишниот фудбалер кој не покажал ни грам почит кон својот повозрасен колега.


2 views

Comments


bottom of page