top of page
Search

Младинците храбро и борбено до реми со Хрватска

11.07.2024 Juli Cetvrtok

Младинската репрезентација на Македонија остана непоразена во пресметката со Хрватска (24:24) во вториот натпревар од Европското првенство во Словенија.

Нашите надежи одиграа еден меч во кој покажаа повеќе лица, но и во едно такво сценарио во кое во вториот дел губевме и со седум гола разлика на крајот се изборивме за реми кое не става во позиција да се бориме за првото место во групата во која се уште Австрија и Црна Гора.

Македонија имаше проблеми во вториот дел на првото полувреме во кое противникот се стакна со убедлива предност и на пауза замина со 15-10.

Не почнавме најдобри и по паузата и „коцкестите“ дојдоа до позитива од 18-11. Меѓутоа работите се променија во преостанатиот дел, ние одигравме на повисоко ниво на двете страни на теренот и со дојде до егал во кој двете селекции имаа напад за победа, ама без раализација.

Најдобри стрелци во нашиот состав беа Шулески и Узунчев со по шест гола, а голманите Галевски и Брестовац комбинираа 11 одбрани.

Средбата со Австрија е закажана за в сабота од 14:20 часот.


1 view

コメント


bottom of page