top of page
Search

Младинците го претрпеа првиот пораз на ЕП

18.07.2024 juli Cetvrtok

Македонската машка младинска репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство и тоа во соочувањето со Франција.

На средбата која се одигра во Целје нашите ракометари беа надиграни од врсниците од Франција со резултат 25:18.

„Триколорите“ беа подобри во двете полувремиња, првите 30 минути ги реализираа со плус два (12:10), додека по паузата одиграа уште поцврсто во одбрана, ние постигнавме само осум гола и на крајот загубивме со седум разлика.

Калајџиески, Митев, Белистојаноски и Стојановски постигнаа по три гола на овој дуел.

Сега ни следат уште два натпревари за конечен пласман од 9-то до 12-то место на шампионатот.


0 views

Comments


bottom of page