top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Младинките храбро се бореа против Црна Гора, но отворија со пораз на ЕП во Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години денеска го отвори својот настап на Европското младинско првенство, на кое за жал претрпе тесен пораз во балканското дерби со Црна Гора.

Нашите младинки се покажаа во цврсто светло и достојно се бореа против селекцијата на Црна Гора, но на крајот загубија во меч со многу голови на двете страни со резултат 29:33.

Првото полувреме беше навистина израмнето и во добар дел се играше гол за гол, но Црногорките направија исчекор во финишот и со предност од три гола заминаа на паузата (16:19).

Ривалките успеаја да се одлепат на плус пет во второто полувреме и ја одржуваа комотната предност до пет минути пред крајот, кога Македонија повторно се врати на минус три (28:31), но сепак немаше сили за пресврт или поволен резултат.

Македонија постигна само уште еден гол до крајот, па со конечи 29:33 го отворивме Европското младинско првенство кое се игра во Романија.


2 views

Comments


bottom of page