Младата дизајнерка Фросина Кулакова е девојката која синоќа беше прегазена на „Партизанска“
Updated: Feb 3
31.01.2025 Januari Petok
Познат е идентитетот на загинатата девојка на „Партизанска“. Станува збор за 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино Македонија која беше студентка на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ во Скопје.
Таа била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“. За жал девојката им подлегнала на повредите и починала на лице место.
Како што известуваат од МВР, несреќата се случила вчера во 23:43 часот, каде автомобил „пежо 207“ со скопски таблички управуван од В.Ј.(20) од Скопје, удрил во девојката која била пешак.
„Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“, велат од МВР.
Во едно телевизиско интервју запрашана за нејзината инспирација ќе каже дека му се радува на животот и дека нејзините модели, силната колоритност е одраз на нејзината весела природа и полна животна сила.
За жал животот знае да биде суров и ироничен.




Во сеќаванње: 2008 настапот на Супер Sвезда песната со наслов Петле
Во сеќаванње во утринска на Телма 2023 година



Comments