МКЦ: Фестивалот „Здраво млади“ ќе се одржи на 27 август
17.08.2021 Avgust Vtornik
Единаесеттото издание на „Здраво млади“ ќе се одржи на 27 август. Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во отворен простор. Младинскиот културен центар соопшти дека поради пандемијата е промената програмата.
– Во знак на надеж дека ќе се реваншираме со пандемијата во 2022, купените билети можете да ги искористите за 27 август и да добиете попуст од 50 отсто на билет за следното издание на „Здраво млади“. Моменталниот lineup за 11-тиот „Здраво млади“ е следниов: Hercules & Love Affair (dj set), Shortparis, Blackstate, Murman Tsuladze, ИСКРА, Луфтханза, Belgrado, Peki Pele, плус деновиве следуваат уште најави за артисти и дополнителна програма, информира МКЦ.
Во продажба се пуштени и еднодневни билети по 400 денари кои важат само за годинашново издание. Тие се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. За рефундација на средствата, МКЦ повикува да се се прати порака на социјалните мрежи или на мејлот: online@mkc.mk.
Comments