Мијата вечерва со акустичен концерт во Ѓорче Петров
Познатата македонска пејачка Наташа Крстевска – Мијата, вечерва ќе настапи пред своите сожители од Ѓорче Петров. Концертот ќе се одржи во 19 часот, во паркот на општината.
– На новиот амфитеатар ( до „Тинексот“ во Ѓорче Петров) вечерва ќе имам чест да настапувам пред својата публика со 90 минутниот настап насловен ,,Акустична вечер со Мијата“. Ќе бидам придружувана од: Ајхан Куртов на пијано, Кире Мирчовски на гитара, Иво Митковски на бас гитара и Ратко Даутовски на перкусии. Упатувам благодарност до Град Скопје и Општина Ѓорче Петров што го поддржаа овој настан и до Фросе Левковска што го изработи постерот – ни рече Мијата.
Инаку таа постојано пишува и снима нови песни, а како што рече наскоро и ќе и претстави на публиката нов музички материјал.
М.Т.
Comentarios