Мишел Фајфер стана голем фан на Бритни Спирс откога пејачката сподели видео од неа како жена мачка
Мишел Фајфер се нарече себеси голем фан на Бритни Спирс откога пејачката сподели видео во кое таа глуми жена мачка во филмот „Бетмен се враќа“. Актерката Мишел Фајфер одговори на видеото што го сподели Бритни Спирс на својот инстаграм-профил.
Поп-ѕвездата (40) минатата недела сподели видеоклип на кој се гледа актерката од блокбастерот „Бетмен се враќа“ од 1992 година и напиша долг опис за да го изрази своето воодушевување од актерката.
Мишел потоа остави коментар на објавата: „Леле, Бритни! Ти благодарам за прекрасниот комплимент – јас сум ти голем фан“.
Бритни ја сподели култната сцена на која холивудската актерка е во костумот на Catwoman и откри дека мисли оти Мишел најдобро го портретира ликот жена мачка.
Бритни понатаму во описот објаснува: „Имаше повеќе ѕвезди што стапнаа во чевлите на Catwoman, но, искрено, мислам дека ниту една друга актерка не може ниту да ѝ да се приближи, конкретно во таа сцена“.
Comments