Search
Мишел Вилијамс елегантна на настан во Лос Анџелес
Мишел Вилијамс изгледа елегантно на премиерата на The Fabelmans („Фабелманови“) во Лос Анџелес во неделата, нејзино прво појавување на црвен тепих по раѓањето на третото дете. 42-годишната актерка на себе има долг црн фустан со отворени рамена. Двократната добитничка на „Златен глобус“ изгледот го дополни со огромен златен ѓердан со дијаманти. Иако досега нема споделено никакви детали за новороденчето, таблоидите објавија дека таа и сопругот Томас Кејл добиле син минатиот месец. Последен пат беа видени во средината на септември. На фотографиите од папараците Мишел имаше голем труднички стомак. „Фабелманови“, драма во режија на Стивен Спилберг, со Мишел Вилијамс и Пол Дано во главните улоги, се фокусира на животот на самиот режисер.
Comments