Мице Јанкуловски со самостојна изложба во реномираната галерија „Галатека“ во Букурешт
Утре, 14 ноември 2023, во 19 часот, ќе се отвори самостојната изложба на Мице Јанкуловски, „Над црното“, во реномираната галерија „Галатека“ во Букурешт, Романија. Куратори на изложбата се Анка Боериу, Романија, универзитетски професор на Националната академија за уметност во Букурешт, и Корнелија Конеска, Македонија. Јанкуловски со изложбата „Над црното“ во „Галатека“ се претставува со полиптихот „Круговите на Леонардо II“ (4 слики, акрил на платно, 195х780 см) и сегмент од 3 дела од полиптихот „Ноќите на Тоскана“ (10 слики, акрил на платно, 195х1.950 см). За „Галатека“ (https://www.facebook.com/GalerieGalateca) „Галатека“ е мултидисциплинарна уметничка галерија, жив и модерен простор, кој го носи потписот на архитектот Раду Теака, сместена во историска зграда во срцето на Букурешт. Со својата отвореност кон експериментот во уметноста овој простор стана култен уметнички центар, платформа каде што се спојуваат современата и класичната уметност и кој им овозможува на уметниците, дизајнерите, архитектите, кураторите и на луѓето од медиумите да се сретнат и да соработуваат… сè со цел да ѝ понуди на јавноста поинаков вид уметничка интеракција преку која се истражуваат повеќе области и форми на уметничко изразување: од стрипови до видеоарт, од слики и цртежи до инсталации и случувања, од современи романски уметници, кои напишаа историја, до мода, од класични мајстори до мултидисциплинарни меѓународни уметници.
Comentários