Михајловиќ испратен во вечното почивалиште, Станковиќ ги расплака фудбалските фанови (Видео)
Синиша Михајловиќ за жал ја загуби тригодишната битка со тешката болест и почина во 54-та година од својот живот, вест која ја зави во црно цела балканска, но и италијанска спортска јавност. Поради неговата тесна врска со Италија и поради фактот што цело негово семејство е од оваа земја, Миха денеска беше погребан во Рим, а видео снимките кои пристигнаа од италијанската престолнина беа нависитна емотивни. Легендарниот Синиша денеска беше испратен во вечното почивалиште и доби последен поздрав од своите најблиски во семејството, своите пријатели и фудбалски колеги, но убедливо најемотивната сцена ја приредил Дејан Станковиќ. Миха ги крсти децата на популарниот Деки и беше негов кум, а Станковиќ ги расплака фудаблските фанови откако излезе фотографија на која се гледа како го бакнува неговиот ковчег. Тренерот на Сампдорија го изнел ковчегот од капелата во друштво на Манчини, Дел Силвестри, Арнаутовиќ и Ломбардо.
Comments