Митровиќ има голем проблем во Англија: Бев на раб да се истепам со соиграчите поради Ѓоковиќ!
Александар Митровиќ чека нова понуда од Саудиска Арабија за да го комплетира трансферот кој силно го посакуваше, потег со кој треба да стави крај на својата блескава авантура во англискиот фудбал.
Популарниот „Митрогол“ беше посебно добар изминативе две сезони во редовите на Фулам и прерасна во миленик на навивачите, но покрај фудбалските доживувања, напаѓачот вели дека од Англија сепак има и непријатни искуства како што се оние кога игра Новак Ѓоковиќ.
Како негов сонародник и голем вљубеник во тенисот, Митровиќ потенцира дека силно навива за најголемиот грен слем шампион, па во последното обраќање за српските медиуми откри како реагира на секој меч кога најголем дел од соиграчите се против него.
– Во Англија подготвен сум да се тепам за Ѓоковиќ. Бев на работ да се истепам со соиграчите кога го играше она финале против Федерер на Вимблдон во 2019-та година.
– Тоа беше вистинска „фрка“, од 30 луѓе во клубот, само јас и голманот бевме за Ѓоковиќ, а сите останати за Федерер. Вриев во себе, почнаа да ме прозиваат, бев подготвен да се тепам. И сега сум подготвен да се тепам кога луѓето ќе кажат нешто лошо за Ѓоковиќ, го сакам како брат. Навистина ми е жал што луѓето го оспоруваат, има луѓе кои го оспоруваат и во Србија. Јас не знам со кои зборови би го опишал. Фантастичен човек, фер-плеј играч, а секогаш се обидуваат да му извадат нешто. Што повеќе го нервираат, толку повеќе го туркаат напред, таков е нашиот менталитет, – потенцира Митровиќ.
Comments