top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Митровиќ дојде до 50. побрзо од Меси и Роналдо (ФОТО)


Србија го доби дербито со Норвешка во Осло (2-0), три бода кои значеа освојување на првото место и напредок во најсилната А дивизија во Лигата на нации.

Душан Влаховиќ и Александар Митровиќ беа стрелци на головите вредни голем триумф со тоа што за напаѓачот на Фулам ова беше 50.јубилеен гол во националниот тим. Со ова Митрогол уште еднаш потврди дека е извонредна форма, а педантните статистичари извадија еден интересен податок поврзан со оваа негова 50-ка.

Имено на напаѓачот му биле потребни многу помалку натпревари за да дојде до овој учинок во националниот тим ако се направи споредба со Лионел Меси и Роналдо.

Митровиќ преку 76 средби дојде до 50 погодоци за селекцијата, на Меси пак му биле потребни 107, додека на Кристијано 114 мечеви.




2 views

コメント


bottom of page