Митровиќ го реши малото лондонско дерби, залетаниот Њукасл со нова победа дојде пред Сити (ВИДЕО)
Гостинските екипи ги одбележаа четирите мечеви кои од 16 часот се одиграа во Премиер лигата, мечеви на кои победи остварија сите четири гостински мечеви.
Фулам беше подобар од Кристал Палас со 3-0 во малото лондонско дерби. Митровиќ беше во главна улога, забележа два асистенции, а потоа на крајот и сам се запиша во листата на стрелците во средба во која домаќините зарбаотија два црвени картони (Мичел и Томкинс).
Залетаниот Њукасл му одржа лекција на поранешниот шампион Лестер и тоа на негов терен на „Кинг Пауер“. Избраниците на Еди Хау триумфираа со 3-0 со три гола во првиот дел преку Вуд, Алмирон и Жоелинтон.
Ова за Њукасл беше шесто славје во низа и сега е на второто место на табелата со 33 бода, поточно е пред Манчестер Сити (32) кој има одиграно два натпревари помалку.
На другите битки, „волците“ со новиот тренер Лопетеги го решија Евертон (2-1), додека Брајтон беше поуспешен од Саутемптон (3-1).
Comments