Search
Митревски со „седумка“ против Барселона
Порто на македонскиот репрезентативец, Никола Митревски го претрпе првиот сезонски пораз во Лигата на шампионите и тоа во пресметката со гигантот Барселона.
Португалскиот претставник играше пред своите гледачи, но и покрај поддршката не можеше да се избори за поволен резултат или поточно загуби со 38-30. Двете полувремиња завршија со идентичен резултат 19-15, па сега каталонците имаат три од три во групата Б.
Митревски запиша 7 одбрани, додека по 5 гола дадоа Итуриза, Мартинез и Силва.
Кај Барса прв стрелец беше Фраде со 6 гола, додека голманот Нилсен блескаше со 19 интервенции.

Commentaires