Митревски: Конечниот резултат е превисок, ќе се фокусираме на двата следни натпревари
- Aleksandar Santovski
- Jan 13, 2023
- 1 min read
Македонија доживеа пораз од селекцијата на Норвешка од 39-27 во првиот меч на Светското првенство.
Нашиот национален состав беше рамноправен ривал во најголемиот дел од првото полувреме, но потоа фаворитот ги искористи сите наши грешки, слабости во играта и до паузата се избори за убава предност по што беше многу полесно за нив во преостанатиот дел од средбата во Краков.
-Игравме рамноправно 20 минути, имавме 9-9, потоа искористија три наши грешки, се одлепија. Потоа дојде уште еден таков бран, технички грешки, нивна транзиција. Конечниот резултат е превисок, ама имаме уште два натпревари пред нас, ќе се фокусираме на нив.
-Тие се покорпулентни, играа добро во одбрана и секоја наш избрзан шут и техничка грешка ја користија. Примивме лесни голови, тешко е да се спротиставиш на вакви селекции и играчи од ваков калибар, -истакна голманот Никола Митревски.
Нареден ривал ни е Холандија на 15 јануари.

Comments