top of page

Мисијата исполнета: критичарите го фалат најновиот филм за Бонд

30.09.2021 Septemvri Cetvrtok

Филмот за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ дебитира 18 месеци подоцна поради пандемијата на Ковид-19, но повеќето критичари го делат мислењето дека вредеше да се чека. Рецензиите по лондонската премиера се пофалби за петтото и последно појавување на Даниел Крег во неговиот 15-годишниот мандат на британски таен агент, што почна со „Казино Ројал“ во 2006 година. Првично требаше да излезе во април 2020 година и одложен трипати оттогаш, No Time To Die ја имаше својата светска премиера во вторникот во Лондон, со присуство на неговите sвезди и членови на британското кралско семејство. „Ова беше најпризмениот Даниел Крег и, се осмелувам да кажам, најинтимен приказ на Џејмс Бонд со моќна, неочекувана и многу емотивна исплата – дефинитивно вредна за чекање!“, напиша филмскиот критичар Скот Менц на „Твитер“. Во средата, ден по лондонската премиера, филмот доби рецензии со пет ѕвезди од многубројни критичари.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page