top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Миоки освои вкупно осум медали на два турнира

ЏУДО

Џудистите на скопскиот клуб Миоки, предводени од тренерот Игор Паскоски, учествуваа на два меѓународни турнира и постигнаа одлични пласмани, освојувајќи вкупно осум медали, од кои две први места, едно второ и пет трети места, ни изјави претставникот на клубот Владимир Крстев. На турнирот во Аминдео (Грција), во конкуренција na околу 400 учесници, Миоки се закити со по два златни и бронзени и еден сребрен медал. Највисоко на подиумот се искачија Ива Богдановска (категорија до 57 кг) во возрасната категорија до 18 години и Азра Заими (до 52 кг) во сениорска конкуренција. Георгина Блажеска (до 48 кг) освои вицешампионско место до 18 години. Богдановска и Заими освоија уште по еден медал, но во друга тежинска или возрасна категорија. Така, Богдановска (до 63 кг) беше втора до 18 години, а Заими (до 52 кг) трета до 18 години. Солиден настап имаше и Ханија Друштинац, која е петтопласирана. На меѓународниот турнир во Ниш (Србија), пак, во конкуренција на 475 натпреварувачи/ки, Миоки освои три трети места. Со бронзи се закитија Нина Панчевска (до 40 кг) во возрасната категорија до 13 години, Марко Панчевски (до 60 кг) до 15 години и Петар Давчев (до 60 кг) исто така до 15 години. Добро се бореше и Ерик Крстев, кој го освои петтото место. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page