top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Министерството за култура раскина договори за проекти во износ од над милион евра?!

10.02.2021 februari sreda

“Во периодот од 1 септември 2020 до 31 јануари 2021 година, поради нереализирани проекти и неуредна финансиска документација, раскинати се договори во вкупен износ од 70.776.722,00 денари, односно над 1 милион евра“, соопштуваат од Министерството за култура.

Соопштението доаѓа по усвоените заклучоци од завчерашната седница на Владата која го задолжи Министерството за култура “да не ги исплаќа финансиските средства на корисниците без да ја утврди законската основаност за тие средства“.

Станува збор за проекти од Годишната програма која беше донесена во мандатот на претходниот министер за култура Хусни Исмаили.

“Министерството за култура, спроведе внатрешна ревизија, а наодите Министерството по службена должност ги испрати до Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор при Министерството за финансии, до Финансовата полиција и до ДКСК. Во согласност со усвоените заклучоци од вчерашната седница на Владата, Министерството за култура нема да ги исплаќа средствата кон другите корисници до завршување на финансиските контроли, а со цел заштита на буџетските средства“, велат од кабинетот на министерката Ирена Стефоска.

Во ноември министерката откри дека исплатата на проектите е забавена бидејќи внатрешна контрола испитувала зошто се склучувале анекси на договори и се прифаќале проекти кои претходно биле одбиени.

Од министерството посочуваат дека нема да се исплаќаат средствата кон другите корисници до завршување на финансиските контроли заради заштита на буџетските средства.

“Очекуваме Финансовата полиција и ДКСК во најбрз можен рок да постапат заради расчистување на евентуални злоупотреби“, велат од Министерството за култура.


9 views

コメント


bottom of page