top of page

Министерката Костадиновска-Стојчевска ги посети МСУ, Националната галерија и НОБ

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денеска ги посети националните установи од областа на културата – Националната галерија, Националната опера и балет и Музејот на современата уметност.

-МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ПРОДОЛЖУВА СО ПОДДРШКА НА УСПЕШНИТЕ ПРОЕКТИ И СОРАБОТКА СО ИНСТИТУЦИИТЕ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТA ВО НИВНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА, ИЗЈАВИ МИНИСТЕРКАТА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА ПО ПОСЕТАТА.

Како што информира Министерството за култура, за време на посетата на установите, директорите Дита Старова-Ќерими, Васо Ристов и Мира Гаќина ја информираа министерката за култура за нивното функционирање во период на пандемија, за тековните активности, за проектите што планираат да ги реализираат, но и за проблемите со кои притоа се соочуваат.

Старова-Ќерими ја запозна министерката за култура со проектната програма за адаптација и санација на објектот „Мала станица“, за што веќе е потпишан и договорот за проектирање на основниот проект, како и за текот на реализацијата на проектот за заштита на Куќата на Лазар Личеноски.

Директорката на МСУ, Мира Гаќина, пак, ја истакна потребата од одредени интервенции врз објектот на Музејот, а информираше и за другите активности што планира да ги реализира оваа институција во согласност со годишната програма.

Директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов, информира дека во изминатата година, и покрај состојбата со пандемијата, беа реализирани претставувања на реномирани уметници и дека прават сè и годинава успешно да ја реализираат утврдената програма.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази задоволство од денешната работна посета на националните установи, потенцирајќи дека Министерството за култура ќе продолжи со поддршка на проектите во интерес на сите.

ree

ree

 
 
 

Comments


bottom of page