Министерката Костадиновска-Стојчевска: Ги повикувам сите кои сметаат дека се обесправени да поднесат
Министерката Костадиновска-Стојчевска: Ги повикувам сите кои сметаат дека се обесправени да поднесат жалбаПартиска припадност никогаш не била и нема да е критериум на овој конкурс за финансирање проекти од јавен и национален интерес”, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, по брифингот со медиумите.
Според неа, секој проект за кој Комисијата ќе одлучи дека е квалитетен, треба да се поддржи и дека никогаш не треба да се гледа на индивидуалност и на партиска припадност.
Костадиновска Стојчевска истакна дека времето за поднесување жалби тече и дека рокот е 15 дена.
„Ги повикувам сите кои сметаат дека на кој било начин биле обесправени, откако ќе ги добијат своите решенија и имаат забелешки по однос на одобрени проекти и сума, да поднесат жалба. Комисијата сето тоа добро ќе го разгледа и ќе одлучи по однос на нивните жалби“, посочи министерката за култура, апелирајќи до сите да го искористат овој правен механизам.
Таа посочи и дека годинешниов буџет за Министерството за култура е намален во однос на лани, така што и средствата наменети за финансирање на проектите од национален интерес по одделни области се помали од минатата година. “Никогаш нема да има доволно пари во култура за сите што аплицирале, колкав и да е буџетот“, смета таа.
За откажаното издание на „Оффест“, министерката кажа дека ова не е прв случај кога не биле одобрени сите средства и дека имаат право на жалба.
Во однос на реакцијата на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за нефинансирањето на некои автори и нивните најнови дела таа кажа: “Петар Андоновски, Гордана Михаиолова Бошњаковска и Блаже Миневски, до сега добивале и ќе добиваат поддршка од Министерството на конкурсите за литература и издавачката дејност. Комисијата оваа година одлучила дека ќе поддржи еден проект, а нема да поддржи друг и не станува збор за лична одмазда“.
Comments