Минесота го казни „тепачот“ Гобер
- Aleksandar Santovski
- Apr 10, 2023
- 1 min read
Составот на Минесота Тимбервулвс го совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 113-108 и на тој начин начин го обезбеди осмото место на Западот, односно значи дека ќе има две шанси преку плеј-ин фазата да дојде до плејфот, разигрувањето за пехарот во оваа конференција.
Меѓутоа дуелот со Пеликанс остави последици за „волците“, последици за кои се виновни самите домашни играчи кои направија „циркус“ затоа што Руди Гобер и Кајл Андерсон по една вербална расправа тргнаа да се тепаат, поточно Французинот прв зададе удар и среќа што околу нив беа соиграчите кои спречија инцидент од поголеми размери.
Гобер беше „испратен на ладење“, па откако сфати што направи јавно се извини и ги надмина недоразбирањата со Андерсон, ама Минесота реши да го санкционира и тој нема да биде во комбинација за средбата со Лос Анџелес Лејкерс.
Тој нема да патува со тимот во Лос Анџелес. поточно ќе ја пропушти првата можност за Минесота да дојде до плејофот. Ако „волчиците“ загубат тие ќе имаат уште една прилика да дојдат до разигурвањето и тоа против победникот од Њу Орлеанс-Оклахома Сити Тандер.
Во таборот на Тимбервулвс ќе недостасува и Џејден Мекдениелс кој исто направи голема глупост против Пеликанс што значи дека најголелмиот товар ќе падне врз Карл Ентони Таунс и Ентони Едвардс.

Comments