Милнер после осум години си оди од Ливепрул, си договорил трансфер во друг премиерлигаш
Џејмс Милнер ги освои симпатиите меѓу сите навивачи на Ливерпул со своето залагање во изминатите осум години, но како што јавуваат англиските медиуми, заменик капитенот на „црвените“ ги игра своите последни натпревари под водство на Јирген Клоп.
Искусниот играч за врска кој има 37 години си договорил трансфер како слободен агент во друг клуб во Премиер лигата, а тоа денеска го пренесоа речиси сите влијателни и угледни англиски медиуми.
Милнер ги договорил сите детали за преселба во најголемото изненадување оваа сезона во англиската елита, односно во редовите на Брајтон кој е предводен од Роберто Де Ѕерби.
Брајтон претходно по ист рецепт успеа да го доведе Адам Лалана, а сега тоа го повторува и со Милнер кој става крај на една успешна и незаборавна етапа на „Енфилд Роуд“.
Во изминатите осум години, Милнер собра повеќе од 320 настапи за првиот тим и ги освои титулите во Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и светското клупско првенство.
Comments