„Милк“ на Стефани Колк со награда за најдобар долгометражен филм на „Бич филм фестивал“ во Охрид
23.07.2024 juli Vtornik
„Милк“ во режија на Стефани Колк ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на овогодишното издание на филмскиот фестивал „Бич филм фестивал“ што по седми пат се одржа во Охрид.
Фестивалот ја објави листата на наградени филмови:
„Голем бран, најдобар долгометражен филм – “Milk” во режија на Stefanie Kolk
Special Mention, најдобар долгометражен филм – “Pelican” во режија на Nikolina Bogdanović и Filip Heraković.
Мал бран, најдобар краткометражен филм – “How to be a human being” во режија на Jorė Janavičiütė
Најдобар краткометражен студентски филм според публика – “Quiet Drive” во режија на Savvaa Dolomanov
Стефан Сидовски Сидо, најдобро актерско остварување – Julie Ledru од филмот “Rodéo”
Special Mention, најдобро актерско остварување – Liber Ágoston од филмот “Summer to come”
Special Mention, најдобар краткометражен филм – “The walk” во режија на Елеонора Венинова“, објави фестивалот.
Фестивалот понуди богата програма за филмските љубители во изминатите пет дена, прикажувајќи европски наслови на плажите Славија и Сараиште во Охрид, Младински Центар Охрид и на бродот „Армада“.
„Бич филм фестивал Охрид“ беше затворен вчера со македонскиот филм „Те дуа жими мене“ од Марјан Гавриловски.
Comments