Милиони луѓе го гледаа концертот по повод платинестиот јубилеј на кралицата
Во просек речиси 12 милиони луѓе во Обединетото Кралство ја следеа забавата во палатата што ја емитуваше „Би-би-си уан“ во саботата во рамките на четиридневната прослава на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. На поп-концертот настапија многубројни ѕвезди, меѓу кои Дијана Рос, Џорџ Езра, Квин и Елбоу, пред публиката во Бакингемската палата, вклучително и кралското семејство. Овој настан ја привлече најголемата публика на Би-би-си оваа година достигнувајќи го својот врв од 13,4 милиони гледачи. Традиционалната воена парада, карневалот во центарот на Лондон и илјадници улични забави во Обединетото Кралство беа најважните моменти на последниот ден од прославите на јубилејот. Концертот во саботата вечерта вклучи обраќања на принцот Чарлс и принцот Вилијам, при што Чарлс ѝ оддаде почит на кралицата со посебен фокус на седумте децении на британскиот трон. Во меѓувреме, војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Чарлс и Камила, објавија на „Твитер“ фотографии од Кејт и нивните три деца како печат колачи во кујна украсена со лепчиња од Јунион Џек. Во вечерното финале денес, во 17 часот, ќе настапи Ед Ширан, а пред палатата ќе се пее националната химна. Кралицата Елизабета постави неколку рекорди достојни за почит: на 96-годишна возраст таа е најстариот владетел на светот и го имаше најдолгиот брак во британската кралска куќа. Елизабета беше крунисана на величествена церемонија во Вестминстерската опатија на 2 јуни 1953 година.
Comments