top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милер златна на 400 метри, Феликс влезе во историјата на ОИ

Шона Милер Ибо ја одбрани титулата на 400 метри на Олимписките игри во Токио. Девојката од Бахамите надмоќно ги победи ривалките. Во целта имаше време 48.36 секунди. Овој резултат е за 11 стотинки послаб од олимпискиот рекорд на легендарната француска атлетичарка Мари Жозе Перек. Среброто во Токио го освои Мерлејди Паулина од Доминиканската Република (49.20), а на третото место заврши легендарната Американка Алисон Феликс. Феликс во целта влезе со резултат 49.46 секунди. За Феликс, ова е 10 медал од Олимписките игри, со што стана атлетичарка со најмногу освоени медали во историјата на олимпијадите.



2 views

Comments


bottom of page