top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милер единствен со 300 победи во дресот на Баерн

Updated: Apr 12, 2022

11.04.2022 April Ponedelnik

ФУДБАЛ – БУНДЕС-ЛИГА

Со голот од пенал во 82 минута, Роберт Левандовски му донесе победа на Баерн Минхен на мечот против Аугсбург, 1-0, на полната арена „Алијанц“, пред 75.000 гледачи, за првпат по ноември 2021. Сезонава Баерн го има најдобриот домашен ефект во Бундес-лигата (12 победи, едно реми и два пораза). Баварците сега имаат девет бода повеќе од Борусија Дортмунд на врвот на табелата и се пред освојување на 10-та шампионска титула по ред. Досега ниту еден тим не испуштил предност од девет поени во оваа фаза од сезоната. За Левандовски, тоа беше 23-от гол на 19 меча против Аугсбург, а само на два од 13 дуели против нив како играч на Баерн не успеал да постигне гол. Томас Милер стигна до 300-та победа во Бундес-лигата, придружувајќи им се на голманите Мануел Ноер (313) и Оливер Кан (310), кои се во елитната група играчи што забележале таков подвиг. Но Милер е единствениот што сите победи во Бундес-лигата ги постигнал во дресот на Баерн. Ноер пред да дојде во Баерн бранеше за Шалке, а Кан за Карлсруе. – Оваа јубилејна 300-та победа не беше баш спектакуларна. Беше тежок натпревар, но ја заслуживме победата, што е огромен чекор кон освојување нова титула. Се надевам дека ќе извојувам уште неколку победи до крајот на првенството – изјави Милер за интернет-страницата на Баерн. Џошуа Кимих ја забележа 150-та победа во Бундес-лигата, на 196-от настап.


1 view

Comments


bottom of page