top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милер беше разбиен од Ѓоковиќ, но освои поен кој никогаш нема да го заборави

Французинот Александре Милер беше далеку од изненадување во пресметката со Новак Ѓоковиќ во првото коло на „Ју-Ес Опен“, пресметка која целосно му припадна на фаворитот кој славеше во три сета со 6-0 6-2 6-3.

На Милер долго време му требаше да дојде до првиот гејм на натпреварот, па откако тоа го направи некако се опушти, заигра подобро и колку толку го подобри впечатокот.

Откако сфати дека нема шанси да дојде до позитивен резултат тој почна да се надигрува со Србинот, да се забавува на теренот, па така дојде и до наубавиот поен на мечот со кој изнуди аплаузи, овации од публиката во Њујорк.


2 views

Comments


bottom of page