top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Миленикот на тинејџерките во рамките на турнејата ќе настапи во Унгарија и Австрија

Музичарот Хари Стајлс планира голема турнеја наречена Love on Tour 2022. Европскиот дел од турнејата почнува на 28 јануари. Меѓу многуте европски градови во кои ќе настапува, како Париз, Лондон и Берлин, Стајлс ќе настапи на 13 јули во Будимпешта и три дена подоцна во Виена. Love on Tour 2022 е втората голема турнеја на познатиот пејач. Турнејата почна во септември минатата година во САД и досега се покажа како многу успешна. Турнејата требаше да почне во април 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусот, беше одложена за февруари 2021 година. Но, и тогаш беше одложена, па дури сега фановите на Хари ќе имаат можност да присуствуваат на неговите концерти.



1 view

Comments


bottom of page