top of page

Милевски: Создадовме тим кој е конкурентен со најдобрите во Европа утре 20-45 часот Македонија Белгиија фудбал за Светско првенство кквалификации

09.10.2025 Oktomvri Cetvrtok

Три натпревари и три значајни исходи се пред нас пред крајот на квалификациите за Светското првенство во фудбал. Македонија не навикнала да биде во игра за големи дела до последниот натпревар, но во последната деценија работите радикално се сменија.

Селекторот Благоја Милевски на средбата со новинарите изјави дека со исклучок на петте нандобри во Еврооа, неговата Македонија може да игра со секој од останатите ривали.„Можам да кажам само дека сум горд на моите фудбалери и тоа не само во овие квалификации, туку во претходните години. Со настапот во Лигата на нации, со овој циклус, со скоро обезбедениот плеј-оф. Тоа е правецот и енергијата по кој треба да се движиме и во иднина.Главната цел кога почнав да работам во федерацијата беше да создадеме тим кој ќе биде конкурентен со најдобрите во Европа. Можеби не со петте најдобри на континентот, туку со останатите. Последните две години ни даваат за право да веруваме дека се движиме во правилен правец и имаме конкурентен тим кој и за следните квалификации. Големо значење за еден фудбалер е континуитет на натпревари, па истото важи и за нашите репрезентативци. Но, тоа е само хартија. Во минатото 70-80% репрезентативци не беа стандардни во клубовите, но во репрезентацијата блескаа. Верувам дека и сега ќе бидат здрави и секогаш спремни за македонската репрезентација“, рече македонскиот селектор.

Во последните десет години, со Ангеловски и Милевски на клупата, Македонија оствари историски резултати против репрезентации како Италија, Англија, Грузија, Белгија..., играше конкурентно со Украина, Чешка, Хрватска...

Тоа ни дава за право да се надеваме на подвиг и утревечер во Гент против Белгија. 

ree

 
 
 

Comments


bottom of page