Милевски пред дуелот со Италија: Последната порака до фудбалерите ќе биде едноставна
- Aleksandar Santovski
- Mar 23, 2022
- 1 min read
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе се соочи со европскиот првак Италија во плејофот за пласман на СП во Катар, а вечерва во Палермо е одржана и последната прес-конференција во пресрет на овој натпревар.
Селекторот Благоја Милевски пред новинарите истакна дека Македонија има квалитетен противник кој е голем фаворит, но неговите фудбалери ќе се обидат да ја искористат големата шанса и да се приближат до мундијалот.
– Не можеме да го споредуваме претходното гостување на Македонија во Италија со ова, ова е бараж натпревар и има посебно значење за двете репрезентации.
– Сметам дека сме физички подготвени и за подолг натпревар од 90 минути, а сите фудбалери се чувствуваат добро.
– Немам дилеми околу составот, она што последно ќе им го порачам на фудбалерите пред натпреварот е да уживаат во него, затоа што заслужија да бидат во оваа фаза, – вели Милевски.
Натпреварот Италија-Македонија се игра утре од 20:45 часот.

Comments