Милевски пред дуелот со Италија: Покажавме дека сме конкурентни
- Aleksandar Santovski
- Nov 9, 2023
- 1 min read
Македонскиот селектор Благоја Милевски денеска го објави составот за квалификациските дуели со Италија и Англија, а притоа ги најави и своите очекувања од последните натпревари во овој циклус во кој селекциите се бореа за место на ЕП 2024.
Во националниот тим нема сериозни промени во споредба со претходните натпревари, а повратник по подолго време е Тихо Костадинов.
Селекторот Милевски во своето обраќање истакна дека очекува да биде задржана позитивната енергија од претходните две средби, a засега националниот тим ќе биде концентриран на првиот противник, селекцијата на Италија.
– Нема промени на списокот, а се радувам што повторно со нас е Костадинов кој долго паузираше поради повреда. Се надевам дека сите репрезентативци ќе бидат здрави и по последните натпревари кои ќе ги одиграат викендов.
– Секој натпревар со Италија е различен, без разлика што располагаме со истите играчи, но се надевам дека ќе ја задржиме таа позитивна енергија од октомвриските предизвици. Овој тим веќе покажа дека може да биде конкурентен и имам голема верба во него.
– Важна ќе биде и физичката подготвеност, бидејќи дел од репрезентативците немаат соодветна минутажа во своите клубови, – изјави Милевски.


Comments