top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Милевски посочи еден сегмент од кој не е задоволен: Мора да се подобриме

Македонската фудаблска репрезентација го остава зад себе неуспешниот циклус во Лигата на нации, кој заврши со пораз на домашен терен од Бугарија во натперварот кој се одигра на крајот на месец септември.

Два месеци подоцна, Благоја Милевски одново ги собра репрезентативците поради двата тест натпревари кои следат во Скопје, а првиот против Финска се игра утре на националната арена „Тодор Проески“.

Финска е подоброрангиранта селекција од нас и токму тоа била целта на Милевски кога го бирал следниот противник, бидејќи сака да добие пореална слика за изгледот на репрезентацијата пред квалификациите за Европското првенство.

Македонија се најде во многу тешка група и ќе има силни ривали како Италија и Англија, па овие два меча кои следат ќе послужат како генерална проба за мартовските предизвици наредната година.

– Тоа што се случи во Лигата на нации го оставаме зад нас и сега сме насочени кон Финска и Азербејџан. За нас ова е генерална проба пред квалификациите кои се во март наредната година. Посакував силен противник како Финска, тие имаат добар тим и мечот против нив го гледам како патоказ по кој треба да се движиме. Се најдовме во тешка група во квалификациите за Европско првенство и потребно е да имаме тешки ривали.

– Повторно има многу играчи кои недостасуваат во тимот, но до март тоа ќе се промени и верувам дека тогаш ќе бидеме комплетни. До тогаш, ќе испробаме варијанти и тактиките за воигрување. Ќе има некои промени на овие два меча, особено поради тоа што не бев задоволен од реализацијата во последно време. Тоа е она што треба да го подобриме, на тој сегмент мора повеќе да работиме, – изјави Милевски.


1 view

Kommentare


bottom of page